Колку би бил поразличен светот ако Адолф Хитлер бил убиен? Се разбира дека многумина се обиделе. Но, по се изгледа дека тоа било навистина тешка задача. Ова е листа на неуспешни атентати на лидерот на Третиот Рајх.
1. Јохан Георг Елсер
Обидот се случил на 8 ноември, 1938 година. Хитлер имал закажано одржување на говор, но загрижен заради лошото време, одлучил да зборува 30 минути порано, а ако не го направел тоа, би бил убиен, бидејќи за помалку од 10 минути откако тој го напуштил местото, се случила експлозија на подиумот, поставена од Јохан Георг Елсер, кој бил комунист.
2. Морис Бавод
Овој човек се обидел да го убие Хитлер веднаш по Елсер. Бил студент по теологија од Швајцарија и го сметал Хитлер за антихрист. Со пиштол во рака се упатил во Германија, па следел парада која го поздравувала Хитлер и тоа му го попречило патот. Решил да не ризикува, но за пат накај дома бил фатен со лажен билет и план за убивање на Хитлер, па тоа бил неговиот крај.
3. Вилијам Сибрук
Овој американски писател се обидел да го убие Хитлер со вуду магија. Се собрале со пријатели во кабина во Мериленд, пиеле рум, удирале на тапани и се обидувале со црна магија да го убијат Хитлер. Фрлале клетви врз кукла која била облечена во нацистичка униформа, но тие обиди биле безуспешни.
4. Првиот обид за убиство
Хитлер се обраќал пред масовна публика, но повеќе од 300 лица во публиката биле негови противници. Биле пијани и започнале да фрлаат лименки со пиво на сцената. Местото се трансформирало во вистински бунт. Некој извадил пиштол и пукал кон Хитлер, но го промашил.
5. Операција Флеш
Генералот Хенинг вон Тросков во шише со бренди сокрил експлозив и го додал на еден од офицерите кои летале со Хитлер. Обидот бил неуспешен бидејќи било премногу студено и експлозивот не се активирал.
6. Рудолф Кристоф вон Герсдорф
„Зиг Хајл!“ - изговорил баронот Рудолф-Кристоф вон Герсдорф, држејќи ја левата рака во џебот, додека со подигната десна рака го поздравил Адолф Хитлер. Фирерот уживал во тој знак на почит, не знаејќи дека Герсдорф во другата рака држел хемиски осигурач, поврзан со експлозив.
Офицерот планот го направил за 21 март 1943 година, кога требало да одржи турнеја низ воениот музеј Којгхаус во Берлин, за време на изложбата на која биле прикажани делови од освоената советска опрема.
Додека Хитлер одел на чело во ходникот, киселината во хемискиот осигурач започнала да го натопува чепот од ватата. Кога скриената жица била уништена од киселината, се активирала игла која детонирала експлозив. Овој процес траел околу 15-20 минути, а времетраењето на турнејата траело 30 минути.
Единствен проблем бил тоа што Хитлер се брзал.
Герсдорф подоцна во неговите мемоари открил дека имал негативни чувства кон нацистите уште од крајот на триесеттите години на минатиот век. Неговиот прв впечаток за Хитлер бил дека е „ментално абнормален, одбивен, претенциозен пролетер“, а наредбите кои ги добивал од него во текот на 1941 година ги нарекол монструозни и криминални.
7. Заговорот Остер
Раководителот на „Military Intelligence Office“ сакал да ја сруши Нацистичката партија и да се ослободи од Хитлер. Но, не успеал во тоа, заради не постигнување договор меѓу заговорниците.
8. Естроген во храната на Хитлер
Британците се сетиле на овој план и сакале да подметнат естроген во неговата исхрана. Тоа и го направиле, но е се знае сигурно како завршил овој потфат. Најверојатно естрогенот не влијаел на Хитлер.
9. 20 јули
На 20 јули 1944 година грофот Стауфенберг имал шанса да влезе во тајната конференциска соба каде што Хитлер зборувал со најверните соработници. Со себе понел актовка полна со експлозиви, но успеал да активира само еден, пред чуварот да му каже дека Хитлер го чека. Влегол во собата, го фрлил екслпозивот под масата, се извинил и ја напуштил собата. Починале четворица, но Хитлер се извлекол со само мали повреди, а грофот потоа бил убиен.
10. Операција Фоксли
Во 1944, Британците фатиле еден од личните чувари на Хитлер. Го испитувале и собирале информации од него. Дознале дека секое утро во 10 часот, тој оди самиот на прошетка, а прошетката трае 20 минути. Се било испланирано за извршување атентат врз Хитлер, но поручникот Роналд Торнли ги убедил останатите дека со убивањето на Хитлер, идеите за нацизмот ќе останат живи и подобар стратег од
Хитлер ќе биде поставен на негово место. До тогаш, војната веќе била пред крај.