X
 29.03.2018 Живот

Зборови за топлината на домот за кои немаме соодветен превод

topol dom
Фото: Shutterstock

Дом - збор што кај многу луѓе предизвикува чувство на топлина, неделно попладне поминато во прегратки, ручек со најмилите или едноставно гушкање со миленичето.

Сепак, зборот има различно значење за секој човек, а концептот за дом е различен насекаде низ светот. Оттука и доаѓаат зборовите што немаат соодветен македонски превод, а совршено опишуваат некој момент, активност или чувство.

1. Хрватска


Хрватите го користат зборот „фјака“, чие значење е: релаксирање на вашето тело и ум и уживање во чувството кога не правите ништо.

2. Исланд


Во Исланд зборот „глугаведур“ во буквален превод значи „прозорец ветер“, а означува време што е убаво за гледање преку прозорецот, но непријатно за престојување надвор.

3. Јапонија

„Кансо“ е збор што значи дека ги одржувате работите едноставно и достигнувате јасност преку елиминација на хаосот и ослободување од неважното.

4. Данска


„Моргенфриск“ - чувството кога се будите свежи после добар сон.

5. Норвешка

„Пеискос“ во буквален превод е „удобност покрај каминот“, а значи седење покрај каминот што испушта топлина.

6. Грција


„Филоксенија“ е посакување добредојде на странците во вашиот дом со љубов и почит.

7. Франција


Французите го користат зборот „ретруваи“ кога сакаат да ја искажат радоста во обединувањето со саканата личност по долго време поминато разделени.

8. Шведска

Зборот „самбо“ Швеѓаните го користат за паровите што го делат животот и живеат под ист покрив, меѓутоа, не се во брак, ниту се свршени.

9. Фиџи

„Таланоа“ е збор што означува споделување приказни и идеи за побрзо разбирање, градење врски и решавање проблеми меѓу луѓето.

10. Холандија


„Гезелиг“ во буквален превод значи „добри вибрации“, а го означува чувството на топлина што ја чувствувате кога поминувате време со луѓе што ги сакате во пријатна средина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот