X
 12.06.2018 Живот

„Линкдин“ ги откри вештините што ќе ви помогнат полесно да најдете работа

Со појавата на новата технологија пазарот на трудот доживеа голем раст и мина низ процес на приспособување и метаморфоза. Тој се менува толку брзо, што е многу тешко да се погоди кои вештини ги бара работодавецот и што ја изделува токму вашата биографија од толпата. За среќа, „Линкдин“ направи попис на вештините што оваа година се најбарани од страна на компаниите.

„Линкдин“ користи податоци од повеќе од 500 милиони членови за да ги идентификува вештините што моментално се најбарани. Ги групира вештините на корисниците во десетици категории. На пример, Андроид и iOS во категоријата „Мобилен развој“.

Потоа компанијата ја споредува активноста на вработување што се случило преку „Линкдин“ во периодот меѓу први јануари и први септември и ги претставува вештините што им припаѓаат на членовите за кои е поверојатно дека се вработиле во некоја компанија. Аналитичарите ги поврзуваат тие специфични вештини со работите и нивните просечни плати во САД.

Во продолжение можете да проверите кои вештини ќе бидат најбарани оваа година, а се однесуваат на ИТ-индустријата.

- Работа со платформата Cloud и распределен сметачки систем. Со оваа вештина можете да се вработите како инженер на платформи или cloud-архитект.

- Статистичка анализа и управување со податоци. Деловниот аналитичар, аналитичарот на податоци и статистичарот мора да ја имаат развиено оваа вештина.

- Разбирање на посреден и интеграциски софтвер е вештина за ИТ-менаџери и за инженери за интеграција на системи.

- Веб-архитектура и развојна рамка е пожелна вештина за веб-девелопери.

- Дизајн на кориснички интерфејс. UX дизајнерите, веб-девелоперите и UI дизајнерите мораат да бидат вешти во ова.

- Контролни системи за ревизија на софтвер. Со оваа вештина располагаат веб-девелоперите и програмерите.

- Презентација на податоци е корисна вештина за сите, но е особено важна за лицата што работат како графички дизајнери, научници и бизнис-советници.

- SEO/SEM маркетингот е поврзан со работите на маркетиншкиот експерт, водителот на онлајн-маркетинг и маркетиншкиот менаџер.

- Мобилен развој е за мобилни инженери и апликациски програмери.

- Познавањето на мрежна и информациска безбедност е вештина што треба да ја поседува експертот за информациска безбедност.

- Менаџментот на маркетиншките кампањи е задолжителна вештина за водител на маркетинг, експерт за дигитален маркетинг или водител на дигитален маркетинг.

Фото: Pixabay

- Инженеринг на податоци и складирање на податоци се цени на позиција софтвер-инженер, развоен програмер и аналитичар на податоци.

- Познавањето на програмите за складирање и менаџмент е корисно ако сакате да бидете администратор на бази на податоци или администратор на состав.

- Работата во програмските јазици Perl, Python и Ruby е задолжителна ако работите како софтвер-инженер или дата-аналитичар.

- Познавањето на скриптниот јазик Shell е ас во ракавот на секој администратор на системот Linux, системски инженер и Java девелопер.

- Познавање на Mac, Linux и Unix системите е за администраторите на системи.

- Со Java ракува секој сериозен Java или веб-девелопер.

- Познавањето на QA софтверот и тестирањето на корисници е корисно ако сакате да се пријавите на позиција инженер за корисничко искуство, инженер за тестирање на софтвер или инженер за обезбедување на квалитети.

-Управувањето со бази на податоци и софтвери добро го познаваат експертите и администраторите на бази на податоци.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот