X
 12.06.2023 Живот

Предизвикот и убавината на спортскиот настан „Прв до врв“

Минатиот месец се случи една од омилените спортски манифестации на скопјани, настанот „Прв до врв“. Она што годинава беше новитет е преминувањето на овој настан под генерално покровителство на Шпаркасе банка, преку платформата Sparkasse LIFE.

Спортисти во најразлични категории, какви што се велосипедисти, планинари, рекреативци, професионални спортисти на трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и возачи на електрични велосипеди се натпреваруваа први да стигнат до врвот на Водно и да ги надминат своите минатогодишни рекорди.

Учесниците и посетителите имаа можност да споделат добра енергија и супер искуства како резултат на одличната организација на настанот и пријателската атмосфера што владееше меѓу сите што беа дел од него. Шпаркасе банка и понатаму ќе поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и стануваат дел од традицијата на градот.

линк

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот