Сингапур планира да засади милион стебла дрвја во рамките на плановите за борба против топлотните бранови, покажуваат податоците што се појавуваат во Стратегијата за ладење на Сингапур.
Стратегијата за ладење на Сингапур претставува каталог од 86 мерки за ублажување на топлотните ефекти.
Податоците за придонесот што го има вегетацијата околу зградите за намалување на локалната температура, на кои се повикува стратегијата во чија изработка учествуваше и Националниот универзитет во Сингапур, покажаа дека улиците во сенка на дрвјата се поладни за 0,9 до 2,6 степени Целзиусови.
Податокот дека ладовината од дрвјата ја намалува локалната температура за 2,6 степени потекнува од истражувањето „Улогата на уличните дрвја во ублажувањето на ефектите од жештината и сушата на многу затворени урбани локации“, кое следеше шест видови дрвја по должината на улиците на германскиот град Дрезден во текот на летото 2013 година.
Во Дрезден тогаш беше забележано дека дрвјата со густи лисја произведуваат најсилен ефект на ладење врз околниот воздух.
Во Стратегијата за ладење на Сингапур се наведува дека ова европско истражување, кое го следеше влијанието на шест видови дрвја врз микроклимата во градовите во текот на едно умерено лето, е возможно да се примени и во Сингапур, каде што се очекуваат слични ефекти.
Исто така, истражувачите открија дека ефектот на ладење зависи од фактори како што се видовите дрвја, густината на крошните, ориентацијата на улицата, распоредот на зградите и влажноста на воздухот.
Во истражувањето се наведува дека сите овие елементи заедно условуваат колку ефикасно урбаното зеленило ја подобрува удобноста на отворено за време на топлотните бранови и ја намалува изложеноста на пешаците на топлина.
Извор:
021.rs
Фото:
Wikipedia