Кина планира голема кампања за садење дрвја. Оваа земја планира да гради цели шуми со површина приближна на онаа на Белгија секоја година во следните пет години. Тоа значи дека Кина ќе сади дрвја на површина од 36.000 квадратни километри секоја година. Шумите ќе се градат во региони во кои сушите се чести.
Фото: Pixabay
Освен овој проект, кампањата вклучува и проширување на националните паркови и постојните шуми, како и зелени коридори за поврзување на одвоените популации на диви животни.
Планот се чини огромен, но ќе ја зголеми вкупната покриеност со шума во Кина за помалку од 2 отсто. Сепак, властите се надеваат дека шумите ќе го прошират живеалиштето на сибирскиот тигар и гобиската мечка, која е еден од најзагрозените видови мечки на Земјата.
Извор:
Green
Фото: Pixabay