X
 12.09.2018 Наука

Подгответе се, нѐ очекуваат сончева бура и аурора бореалис

Во короната на Сонцето се отвори огромна дупка, што значи дека започнува геомагнетна бура низ цела Северна Америка.

Националната океанска и атмосферска администрација на Америка на 11 септември најави соларна бура на G2-ниво, од вкупно 5 нивоа, што значи дека станува збор за умерена бура.

Во моментов се движиме во соларен минимум, најмалку активниот период од 11-годишниот циклус на Сонцето. Ова значи пониско зрачење на Сончевите зраци, исфрлање на короналната маса и соларна акција.

Дупките можат да се отворат во короната на Сонцето. Ова се поладни, помалку густи региони на плазма во атмосферата на Сонцето, со поотворени магнетни полиња. Овие отворени региони им овозможуваат на соларните ветрови полесно да избегаат, со што електромагнетното зрачење се пренесува во вселената со големи брзини.

sonce
Фото: National Institute of Polar Research


Ако дупката е свртена кон Земјата, овие ветрови доаѓаат токму кај нас.

Додека ефектите на овој ветер ќе бидат малку посилни од оние на G1 бурата, тие веројатно само ќе нѐ преминат.

Операциите на вселенските летала може да бидат засегнати бидејќи бурата го попречува ГПС, што значи дека ќе биде потребно да се издадат корекции.

Најголемиот ефект ќе биде светлосното шоу бидејќи Сончевите ветрови се одговорни за појавата на аурора бореалис. Како што дуваат од вселената, тие комуницираат со наелектризираните честички (главно протони и електрони) во нашата магнетосфера.

бура
Фото: NOAA


Овие наелектризирани честички потоа наидуваат на јоносферата и патуваат по линиите на магнетното поле на планетата до половите, каде што интеракциите со другите честички, како кислород и азот, се манифестираат како светлина на небото.

Според мапата на Националната океанска и атмосферска администрација на Америка, аурора бореалис ќе биде видлива од Алјаска, Ајова и Илиноис, а и на Антарктикот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука