Мистериозно вселенско тело е насочено кон Земјата. Тоа не претставува опасност за планетата, но веројатно ќе се заглави во нашата орбита и ќе стане нашата нова месечина. Доколку навистина се случи тоа, телото наречено 2020 СО ќе стане третата мини-месечина што одреден период стоела во орбитата на Земјата.
Како и другите две, 2020 СО официјално се класифицира како астероид, но постојат докази дека можеби е нешто друго, како одамна изгубен вселенски отпад направен од човекот кој се враќа во
орбитата. Научниците велат дека постојат добри шанси 2020 СО да е ракетата „Кентаур“ што била лансирана при неуспешна мисија во 1966. Вселенското тело ја има приближно истата големина и патува многу побавно од типичните астероиди.
Без разлика за што станува збор, посетителот нема да се задржи во близина на Земјата долго време. Според пресметките, вселенското тело ќе остане во орбитата до мај 2021, а потоа ќе се врати во вселената.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com
Насловна фотографија: Twitter