X
 12.09.2020 Живот

Колманскоп - намибискиот град на духови проголтан од пустината

Запознајте го африканскиот град кој за само 40 години од наоѓалиште на дијаманти и прва рендгенска станица на јужната хемисфера стана напуштен град, проголтан од пустината.

Како настанал Колманскоп?

Во 1908 година Захариас Левала пронашол дијаманти во близина на железничката пруга каде што работел, што всушност е местото на денешен Колманскоп.

Му го покажал на шефот Август Штаух, кој го тестирал каменот и потврдил дека навистина станува збор за дијамант. Веста брзо се проширила и за неколку недели стотици Германци се упатиле во Африка во потрага по богатство.

1

Колманскоп се ширел и почнал да личи на вистински германски град. Биле изградени болници, сали за танцување, училишта, театар, спортски сали, електрични централи, кугларници и фабрики за мраз.

- Можеби изолацијата и опкруженоста со пустина придонеле Колманскоп да стане мал рај на германската култура кој нуди забава и рекреација и одговара на барањата на богатите колонисти - вели еден турист.

Угледот на овој град дополнително го зајакнал фактот дека во Колманскоп се наоѓала првата рендгенска станица на јужната хемисфера, како и место во Африка каде што поминал првиот трамвај.

2

Но, цената на дијамантите почнала да паѓа по Првата светска војна, а ситуацијата се влошила откако биле пронајдени подобри дијаманти во јужните делови на Африка, што генерално придонело градот целосно да биде напуштен до 1954 година.

Како изгледа денес?

Денес Колманскоп претставува напуштен град на духови, во кој ветерот постојано открива и покрива делови од градот, носејќи огромни количини песок во и надвор од зградите. Германската архитектура најдобро се гледа во некогашните шарени ѕидови на зградите и куќите, кои пропаднале поради силниот ветер и песокта.

3

Песочните дини го освоиле градот на духови и ја исполниле внатрешноста на поранешните домови.

4

5

Рударската компанија „Де бирс“ во 1980 година основала музеј за да ја зачува историјата на овој град. Уникатниот изглед на градот привлече многу туристи и стана совршена локација за снимање многу филмови и јужноафрикански телевизиски серии.

Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот