X
 16.02.2018 Култура

Европскиот град што ќе изгради неверојатна вертикална шума

grad
Фото: Wikimedia Commons

Сè повеќе градови бараат начин да го редефинираат урбаниот пејзаж. Вертикални шуми се градат во кинескиот град Нанџинг, во обид да се избори против неконтролираното загадување, а вакви шуми веќе се изградени во Италија и во Швајцарија.

Сега Брисел планира да изгради три вертикални структури со користење материјал за рециклирање, обновливи извори на енергија и 30.000 растенија да го придвижат кон еко-пријателска иднина.

1
Фото: Wikimedia Commons

Некогашен магацин, железничка, па поморска станица, сега напуштената локација „Тур енд Таксис“ наскоро ќе биде трансформирана во импресивно зелено прибежиште со масовни структури со височина од 300 метри, што делумно ќе бидат напојувани од соларни панели. Многубројните растенија ќе бидат беспрекорно интегрирани во зградите и ќе овозможат апсорбирање на 175 тони јаглероден диоксид годишно.

Освен што ќе ја подобрат естетиката на локацијата, вертикалните шуми ќе обезбедат мешавина на станбен, комерцијален и деловен простор заснован на она што фирмата „Винсент Калебаут архитектура“ го нарекува: „иновативни, одржливи принципи на изградба“.

2
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура