Во 2018 Брент Андервуд и неговиот другар Џон Бир ја потрошиле целата заштеда за да купат напуштен град во Калифорнија. Сега, додека другите го поминуваат
периодов во населби во кои живеат стотици луѓе, Андервуд е целосно изолиран во овој град.
Неодамна, „Меси неси чик“ направи онлајн-средба со Андервуд преку „Зум“. Во видеото Андервуд открива дека во градот има електрична енергија, но нема вода. Тој е единствениот човек во моментов во градот. Може да пешачи колку сака бидејќи нема други жители што може да ги сретне.
- Интересно е искуството да се биде тука со оглед на тоа што се случува во светот. Прочитав многу од книгите што останале овде, а се за историјата на градот и научив дека пред многу години многу рудари починале од шпанската треска. Секој ден поминувам покрај гробиштата. Да се биде тука во време на друга пандемија е навистина интересно искуство - вели Андервуд.
Градот Серо Гордо бил напуштен откако биле ископани сите резерви на сребро и цинк, околу 1930 г. Во градот има околу 20 градби. Андервуд дознал за градот од пријател кој му испратил напис во кој пишувало дека градот е на продажба. Андервуд бил воодушевен од градот при првата посета и се опседнал со местото. Тој и неговиот пријател победиле на аукцијата за купување на градот поради нивната идеја да го претворат во место за преноќување.
Најблискиот град до Серо Гордо се наоѓа на оддалеченост од речиси 50 километри, иако има населба од околу 20 жители поблиску.
Извор:
messynessychic.com