X
 12.10.2022 Живот

Најголемиот српски издавач „Лагуна“ ќе ги издава книгите и сликовниците од „Светот на Биби“

„Светот на Биби“ потпиша 5-годишен договор со „Лагуна“, најголемата издавачка куќа во Србија и во регионот. Со овој договор „Лагуна“ го има ексклузивното право на териториите каде што се зборува српски, во целиот свет, да ги издава, продава и дистрибуира книгите, сликовниците, друштвените игри и сите други производи од „Светот на Биби“.

- Овој договор претставува уште еден доказ и признание за квалитетот на содржините и производите од „Светот на Биби“. Среќни сме што ќе соработуваме со најголемиот издавач и дистрибутер во Србија. Производите од „Светот на Биби“ ќе бидат достапни на 400 продажни места низ Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Според прегледите, реакциите и коментарите што ги добиваме од родителите во Србија за содржините објавени на српскиот јутјуб-канал, несомнено е дека за брзо време Биби и Боби ќе ги освојат срцата на децата во Србија - изјавија продуцентите од „Светот на Биби“.

Издавачката куќа „Лагуна“ е основана во април 1998 година. Денес „Лагуна“ е најголемиот српски издавач и лидер во регионот. „Лагуна“ е издавач со најпрецизна и најширока дистрибуција. Работи со повеќе од 400 партнери во земјата и во регионот. „Лагуна“ има 46 книжарници во 25 града во Србија, како и 13 филијали во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Клубот на читатели има над 700.000 члена. Веб-страницата на „Лагуна“ е најпосетуваната страница за издавање во регионот со повеќе од 800.000 уникатни посети на месечно ниво.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот