X
 12.10.2023 Живот

На син ми му е дијагностициран синдром на микродупликација, ме интересира дали може да се излекува?

Мојот син има 5,5 години и е мило, добро дете само што не оди и не зборува. Му имаме направено секакви анализи, дефектолошки, невролошки, ЕЕГ, психолошки и досега со сигурност ни кажале дека е со забавен развој. Но, сепак, немаше посaкувана реакција за неговата возраст, па направивме и генетско испитување и му е дијагностициран микродупликација синдром (сите испитувања се направени до 1 година и 5месеци). Ме интересира како да му помогнеме? Дали е ова нешто со кое ќе живее или може да се излекува? Како ќе биде во иднина кога ќе тргне во училиште? Кога се очекува да прозбори и да прооди во оваа ситуација? 
Тој е многу паметно детенце и се интересира како функционираат работите, но најголем дел од времето сака да го поминува со друштво и игри со ситни предмети, а кога дојде до мобилен е како Ајнштајн, сѐ знае да пронајде, ама избегнуваме да гледа во телефон. Уште поинтересно е што може да си игра со 3 играчки со часови.

Одговорот од психологот можете да го прочитате на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот