Ќерка ми има 7 години. Никако не може да се осамостои, не сака сама да седи со сестра ѝ дома. Ноќе не може да спие со неа, ме бара мене или татко ѝ. Во текот на денот ако почувствува дека е сама (тоа може некогаш да е 10 или 30 мин.), а ние сме во другите простории, веднаш почнува да вика: „Ми се повраќа, ме боли мешето, ме боли главчето, ме боли забот…“ Ако ѝ обрнеме внимание во моментот, како ништо да не рекла, одма фокусот е сменет. Не знаеме како да постапиме. Ја носевме на лекар, ги направивме сите можни испитувања за мешето и фала му на Господ, сѐ е во ред. Може ли да ни дадете совет и дали некој родители се соочуваат со ваков проблем. Одреден дел од денот ќе треба да бидат дома сами со сестра ѝ, која има 11,5 години. Може да се грижи за неа, но таа нѐ бара нас, ни плаче на телефон и тоа ни прави стрес додека сме на работа.
Одговорот од психолог прочитајте го на
Деца.мк.