X
 05.11.2021 Живот

Син ни беше малтретиран од братучед му, сега не нѐ почитува и почна да го копира. Што да правиме?

Нашето 7-годишно дете не сака да почитува ред и правила и постојано протестира. И како цело време да е расеан, како да е на друго место со умот. Постојано ѕенѕа.

Ако треба нешто да направи, го одлага или откажува – било да се работи за спиење, јадење, облекување, домашна задача. Често го присилуваме да ја заврши обврската, сме испробале многу техники на убедување, па дури и физичка казна, ама ништо не ни успева.

Иако ме убедуваат дека е вродено, јас мислам дека голем удел во шаблонот на однесување има тоа што од една година, ние сме на работа само прва смена, го чуваа дедо му и баба му заедно со братучед му, кој е една година поголем. Братучедот е емотивно запоставено, посесивно и многу љубоморно дете. И тој му беше прв модел, прв пример. Буквално го малтретираше син ми, секогаш пред него и прв, сѐ му земаше од раце и му растураше сѐ што ќе направеше. Го маваше по глава, а бабата и дедото сето тоа му го дозволуваа бидејќи беше/е многу запоставен од родителите. Нашиот си трпеше.

Со братучедот немаше игра, конструктивност, само нешто деструктивно. Ме нервира што иако сега ретко се гледаат, тој го пие секој гест на братучедот и по неколку дена почнува да го применува. Имаме 3-месечно бебе и станува сѐ полошо. Кое е Вашето мислење и совет?

Одговорот на прашањето прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот