Многумина би сакале да имаат моќ да гледаат низ ѕидови и други препреки. Наскоро ќе може да се купи камера што ќе го овозможи ова.
Истражувачи од американскиот Универзитет „
Нортвестерн“ создале камера со висока резолуција која може да „гледа“ низ препреки, човечка кожа, па дури и коски. Камерата би можела да прави и фотографии од предмети во брзо движење, како автомобил кој вози со голема брзина.
Камерата користи метод кој создава фотографии врз основа на расеана светлина што доаѓа од предметот. Истражувачите го споредуваат методот со светењето на батериска ламба над раката. Во овој случај, би требало да ја гледате коската во раката, но светлината што поминува низ раката ја расејува фотографијата во само една голема точка. Новата камера може да ја искористи расеаната светлина и да ја реконструира во фотографија.
Моменталните прототипи користат видлива или инфрацрвена светлина, но принципот е универзален и би можел да се примени и за други бранови должини, изјавил Флоријан Виломицер, еден од авторите на истражувањето. Според него, истата технологија би можела да се примени на радиобранови за истражување на вселената или за фотографирање под нивото на морето.
Меѓу другото, технологијата би можела да се користи за неинвазивно фотографирање во медицината или индустриска анализа во мали затворени простори.
Извор:
Interesting Engineering
Фото: Pixabay