X
 12.12.2017 Технологија

Дали ги знаете овие тајни кодови за „ајфон“?

ajfon
Фото: Reuters

Доколку не сте знаеле, постојат тајни кодови на вашиот „ајфон“ што ви овозможуваат интересни и чудни работи. Ви донесуваме седум од нив, познати само на најупатените корисници на паметните телефони на „Епл“.

Пред да започнете со пишување на шифрите, ве предупредуваме: шифрите ги пишувате на ваша одговорност.

*#06# - IMEI на вашиот ајфон - специјалниот идентификациски број
*#33# - Со оваа шифра можете да проверите кои повици ги блокирате. Исто така, кодот потврдува дали блокирањето е активно и за што е активирано (СМС, повици, информации итн.)
*#21# - Ве интересира статусот на проследени повици? Со помош на оваа шифра ќе го видите сето тоа: проследени факсови, СМС-пораки, гласовни повици, синхронизација, платен пристап итн.
*#61# - Проверете кој ви се јавил.
*#62# - Со оваа шифра го проверувате бројот за проследување повици во случај на недостапност на мрежата.
*#31# - Сакате да бидете таинствени? Со оваа шифра го криете вашиот број.
##002# - Исклучете го проследувањето на повиците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија