Мистериозни стари гробишта со децении ги зачудуваат финските археолози. Овие гробишта можеби се едни од најголемите во Европа кои потекнуваат од камената доба. Тие се наоѓаат во близина на Арктичкиот Круг, каде што зимите се долги и студени.
Гробиштата биле откриени во 1959 година, а повторно изучувани во доцните 80-ти години на минатиот век. Меѓутоа, во гробиштата не биле откриени човечки останки. Гробиштата имаат десетици празни гробови што ги зачудуваат експертите. Нова анализа на местото ја зацврстува идејата дека местото било користено како гробишта со дури 200 гроба кои биле ископани пред околу 6.500 години.
Според истражувачите, иако не се најдени човечки останки на локацијата, местото треба да се смета за локалитет на кој имало гробишта. Во поголемиот дел од гробовите има траги од пепел и јаглен, но не толку многу како во други гробишта од тоа време. Обликот и големината на гробовите се слични на оние во другите гробишта од тоа време во Северна Европа.
Истражувачите планираат да користат радари за анализа на големината на гробовите без нивно оштетување. Примероци од почвата може да се анализираат за да се открие потенцијална човечка ДНК, фосилизирана коса или животинско крзно.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: X