21.09.2018
Живот
Пронајдена локацијата на потонатиот брод на капетан Џејмс Кук?
Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот на капетан Џејмс Кук, веројатно е при самиот крај, на 240-годишнината од неговото потонување на пат кон Австралија.
Бродот што тогаш го носел името „Лорд Сендвич Втори“ потонал со уште 12 брода откако се оддалечил од брегот на Роуд Ајленд, САД, во август 1778 година, но никој не знаел каде. По 25-годишни потраги и експедиции, можностите се сведоа на „само едно или две“ места, каде што се најдени бродски остатоци кои допрва треба да се испитаат и идентификуваат.
Сега истражувачите се надеваат дека локацијата на несреќата конечно ќе биде утврдена до 2020 година. Роуд Ајленд марин аркиолоџи и Националниот поморски музеј на Австралија најавија дека в петок ќе објават и 3Д-мапа од можните локации, но и дека ќе има уште детални ископувања.
Капетанот Кук со британскиот брод за превоз на јаглен „Ендивор“ отпловил во 1768 година заради научно мапирање на Тихиот Океан. Така настанале и првите мапи на Нов Зеланд и на Австралија. По враќањето од Австралија во Англија, „Ендивор“ е преименуван во „Лорд Сендвич Втори“ и служел за превоз на војници.
Во американската војна за независност, британската морнарица со уште 12 брода во 1778 година го искористила пловилото за блокада на залив, при што тоа потонало.
Извор: МИА