X
 13.01.2020 Култура

Тимот на „Медена земја“ во Еквадор ги дочека убавите вести

Тимот на македонскиот документарец „Медена земја“, кој денеска доби две историски номинации за „Оскар“, во Еквадор го следеше преносот за номинациите.
Кинематограферот Самир Љума на својот фејсбук- профил објави снимка на која заедно со режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ги чекаат резултатите.


Posted by Samir Ljuma on Monday, January 13, 2020

На Фејсбук профилот на „Медена земја“ тимот напиша:

„Пред сѐ, би сакале да им се заблагодариме на членовите на Американската академија (AMPAS) за тоа што ја вклучија 'Медена земја' во трката за најпрестижната филмска награда на светот.
Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна - алегорија на една глобална слика каде што хуманото и натуралното се борат да преживеат.
Атиџе и пчелите се прототип за новиот генски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде што природата се бори со деструктивното.
Среќни сме што светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето.
Ова е првпат во историјата на 'Оскарите' документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде што стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а поради својата реалност, заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава по гледањето на филмот.
Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно.
Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме.
Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Академијата што филмот го нарекоа - МАТЕРИЈАЛ ЗАСЛУЖЕН ЗА ОСКАР“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура