X
 16.04.2020 Култура

„Медена земја“ в сабота на „Телма“

Македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој годинава беше номиниран за два „Оскари“ и е добитник на многубројни светски признанија и награди, в сабота ќе има телевизиска премиера на „Телма“.

Филмот ќе се емитува во 19:20 часот.

Телевизијата најави дека на програмата, за време на велигденските празници, ќе има уште неколку македонски филмови. В петок ќе се емитува „Соба со пијано“ на Игор Иванов-Изи, в недела „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, а в понеделник ќе може да го погледнете „Џган“ на Вардан Тозија“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура