Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм, почина утрово на 68-годишна возраст од пневмонија.
Тозија беше долгогодишен филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Тој беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на „Вардар филм“.
Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“ и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добре дојде во Сараево“.
фото: ФБ - Горјан Тозија