Од создавањето на интернетот, различни веб-страници стануваа популарни меѓу корисниците. Видео објавено на „Твитер“ покажува кои веб-страници се најпосетувани од 1993 година досега.
Видеото покажува дека во 1993 година најпопуларна веб-страница на интернет била платформата АОЛ, која нуди услуги за електронска пошта. Во тој период платформата имала 20 милиони посети месечно. Во 1994 година „Јаху“ избива на второто место, а до 1998 година меѓу најпосетуваните веб-страници е и МСН.
Растот на „Гугл“ почнува во 21 век. Овој прелистувач во 2006 година ќе го преземе првото место на листата со 5 милијарди посети. „Јаху“ се враќа на првото место во 2008 година со 9 милијарди посети, но до 2012 „Гугл“ се враќа на врвот. До 2015 година на листата се појавуваат и „Инстаграм“, „Твитер“ и „Википедија“.
До јануари 2022 г. „Гугл“ го задржува првото место со 80 милијарди посети месечно. По него следуваат „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay