X
 13.02.2024 Технологија

Имате проблем со безжичниот интернет во вашиот дом - еве како да го решите

Во свет каде што поврзувањето на интернет за некои луѓе е важно колку и дишењето, бавното вчитување на веб-содржините и слабиот сигнал се исцрпувачки.

Ако можете да добиете добра врска само кога стоите блиску до вашиот рутер, еве неколку едноставни совети како да ја оптимизирате вашата мрежа и да го подобрите сигналот.

Проверете ја брзината на интернетот

Пред целосно да го обвините безжичниот интернет, проверете дали вашата конекција работи непречено. Поврзете го компјутерот директно со рутерот преку етернет кабел и извршете го тестот за брзина на интернет. Ако не ја добивате брзината што е обезбедена (или барем во рамките на границите) на пакетот што сте го купиле, контактирајте со провајдерот или заменете го рутерот/модемот.

Ажурирајте го рутерот

Редовно одржувајте го вашиот рутер за подобрувања на перформансите, функциите и подобрената безбедност. Проверете дали има ажурирања на рутерот во административниот интерфејс и ажурирајте редовно.

Поставете го рутерот на вистинското место

Понекогаш проблемот е во локацијата, односно каде се наоѓа рутерот. Рутерот треба да стои таму каде што има најмала „мртва зона“ за безжично поврзување. Поставете го рутерот на отворен простор, подалеку од ѕидови и пречки.

Проверете ја фреквенцијата на рутерот

Конфигурирајте го рутерот за оптимални перформанси со префрлување на опсегот од 5 гигахерци, доколку имате рутер со двоен опсег. Овој опсег нуди поголеми брзини и помали пречки. Осигурете се дека и едниот и другиот опсег користат ист SSID за беспрекорна врска помеѓу уредите.

Променете го каналот за подобра брзина

Спречувајте мешање со странични врски преку избирање најмалку натрупан канал. Користете алатки како командна линија или мрежен анализатор за да го идентификувате користењето на каналот во вашата околина. Рачно изберете канал за подобри перформанси, доколку автоматското избирање не е ефективно.

Извор: B92.net

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија