Aко некогаш сте се прашувале како изгледал интернетот уште во неговите почетоци, односно 1970те, тогаш продолжете да читате и понатаму.
Креативниот девелопер Дејвид Њубури прегледувал некои документи од неговиот татко, па случајно налетал на оваа мапа:
Дејвид ја фотографирал мапата и ја споделил на „Twitter“, а неговиот твит бил споделен 23.000 пати. Неговиот татко ја пронашол мапата додека работел како бизнис менаџер на компјутерски науки на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, Пенсилванија.
Нормално,
мапата предизвика голем број прашања меѓу кои и: Како е возможно да се претстави на мапа нешто што не можеме ниту да го видиме? Дали некој направил нова мапа? И дали фотографија од старата мапа од интернетот постои во новата фотографија од мапата на интернетот?