X
 13.03.2022 Култура

Мали холандски гратчиња во кои ќе се вљубите

Оној што првпат ќе ја посети Холандија секогаш на листата му е главниот град Амстердам. А тоа е сосема разбирливо ако се знае дека главниот град на Холандија има фантастични уметнички музеи, куќата на Ана Франк и многу канали. Но, Холандија не е само Амстердам, земјата има и други мали шармантни гратчиња исполнети со историја, улици со калдрма, живописна архитектура, канали и ветерници.

Многу градови во Холандија првично биле утврдувања кои се развиле во град. Ќе уживате во пролетните полиња со нарциси и лалиња додека ги истражувате најубавите холандски градови.

Зирикзе

1
Фото: Wikipedia

Зирикзе е антички град кој се наоѓа на поранешниот остров Зеланд, кој има повеќе од 500 историски споменици. Омилено место на посетителите е Синт-Лиевенсмонсерторен, црква од 12 век именувана по шкотски маченик. Била уништена во пожар во 1832 година, а потоа срушена. Тука секако е и кулата Дике, до чиј врв вреди да се искачите за панорамски поглед на градот. Бидејќи Зирикзе е крајбрежен рибарски град, посетете ги Поморскиот музеј и средновековните северни и јужни пристанишни порти.

Дозбург

2
Фото: Pixabay

Дозбург некогаш бил најважниот утврден град во Холандија поради неговата стратешка одбранбена позиција на реката Ијсел. Голем дел од старите куќи во овој град имаат штитови кои кажуваат нешто за историјата на градот. Добри места за посета се Музејот на сенф, Фабриката за оцет, градината на билки, музејот Лалик Глас и Де Вааг, градското собрание кое наводно е најстарото јавно место во Холандија и старата црква која повеќе личи на магацин.

Апингедам

3
Фото: Pixabay

Апингедам некогаш бил важен трговски центар и пристаниште затоа што имал пристап до морето. Денес, тој е историски средновековен град познат по своите „висечки“ кујни, односно мали простории до зградите што излегуваат преку каналот Дамстердип. Сабота попладне е добро време да се прошетате со брод низ градот. Возењето велосипед и пешачењето се добри начини да се истражува центарот на градот. Вреди да се посетат градското собрание, кое датира од 1630 година, и црквата „Свети Никола“, која е уште постара.

Удевотер

udeveater
Фото: Wikipedia

Одете на Удевотер каде што можете да добиете потврда дека вашата тежина е пропорционална со вашата висина. Оваа практика датира од судењето на вештерките од 16 век во Европа. Луѓето се собирале таму за да добијат потврда дека не се вештерки. Ако ги оставиме волшепствата настрана, Удевотер е шармантен стар град основан во 1265 година.

Домбург

domburg
Фото: Pixabay

Домбург е античко гратче на Северното Море кое привлекува туристи уште од 17 век, а приморското одморалиште датира од 19 век. Познато е по 40 продавници со латински натписи и цртежи на богови. Домбург бил ликовна колонија, домаќин на сликари како Мондријан и Џејмс Вистлер. Домбург нуди типични активности за едно одморалиште, вклучително плажи, возење велосипед, спортски риболов, сурфање и јавање, и е совршен за патниците кои бараат пауза од историските места.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура