X
 03.12.2016 Култура

Големиот план на светските градови за подобрување на квалитетот на воздухот

Градоначалниците на четири големи светски градови: Париз, Мадрид, Атина и Мексико Сити изјавија дека во своите градови ќе донесат забрана за возилата на дизел до 2025 година, со цел во овие градови да се подобри квалитетот на воздухот.

 

град

 


Градоначалниците, кои имаа состанок на самитот во Мексико, изјавија дека ќе покренат иницијатива за употреба на алтернативни возила и ќе промовираат пешачење и возење на велосипеди. Возилата со дизел мотор веќе со години се главна тема кога станува збор за загадување на воздухот. Од Светската здравствена организација порачуваат дека во светот, околу три милиони смртни случаи годишно, се поврзани со изложеноста на загадување на воздухот.

Возилата со дизел мотор придонесуваат за овој проблем на два клучни начини - преку производство на фини честички и азотен оксид. Фините честички можат да влезат во белите дробови на луѓето и да придонесат за развој на кардиоваскуларните болести и да предизвикаат смрт.

Азотниот оксид придонесува за формирање на приземен озон поради што доаѓа до респираторни проблеми, особено кај луѓето кои веќе имаат проблеми со дишењето. Забраната за дизел е значајна со оглед на тоа што производителите на автомобилите знаат дека е само прашање на време е кога градоначалниците на поголем број градови ќе се обединат во врска со овој проблем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура