X
 31.08.2025 Живот

Десет најдобри градови за живот за генерацијата З

„Тајм аут“ го објави своето годишно рангирање на најдобрите градови во светот за храна, култура и ноќен живот, а оваа година, првпат, ги вклучи и десетте најдобри градови за живеење на генерацијата З.

Биле анкетирани повеќе од 18.500 луѓе родени помеѓу 1997 и 2012 година за да се рангираат најдобрите градови за живеење на генерацијата З. Категориите на анкетата биле храна, ноќен живот, култура, пристапност, среќа, квалитет на живот и целокупна градска атмосфера.

- Фактот што нашите читатели ги оценија овие градови толку високо е навистина возбудлив. Интересно е да се знае дека постојат места што нашите читатели навистина ги сакаат и за кои имаат страст  - изјави Росилине Калган, уредничка во „Тајм аут Њујорк“.

Бангкок е град број 1 за генерацијата З, делумно благодарение на неговите високи оцени за среќа. 84 % од генерацијата З велат дека се среќни што живеат таму, а 71 % од нив рекле дека е град во кој можат да живеат по прифатливи цени.

-Бангкок, Тајланд
-Мелбурн, Австралија
-Кејптаун, Јужна Африка
-Њујорк, Соединети Американски Држави
-Копенхаген, Данска
-Барселона, Шпанија
-Единбург, Обединето Кралство
-Мексико Сити, Мексико
-Лондон, Обединето Кралство

-Шангај, Кина.


Проценетите месечни трошоци за едно лице се 20.141 тајландски бати, или приближно 617 долари, без да се вклучи киријата. Трошоците за живот во Тајланд се во просек за 45,9 % пониски отколку во САД. Киријата во Тајланд е за 68,8 % пониска отколку во САД. Генерацијата З вели дека Мелбурн, Австралија, е вториот најдобар град за живеење. Списанието „Тајм аут“ го именува за културна престолнина на Австралија, при што 77 % од генерацијата З го опишуваат како разновиден и инклузивен, а 96 % му даваат високи оцени за уметничката и културната сцена во градот.


Мелбурн, исто така, е високо рангиран по квалитетот на живот, при што 91 % од генерацијата З велат дека е неверојатен град. Трошоците за живот во австралискиот град за едно лице се 1.703 австралиски долари, или околу 1.094 долари. Мелбурн е 32,9% поевтин од Њујорк, без кирија. Во просек, киријата е 61,3 % пониска од Њујорк.

Големото Јаболко се најде на 4. место и е високо оценет поради неговата можност за пешачење, ноќен живот и храна. Од друга страна, само 46 % од испитаниците од генерацијата З рекле дека е прифатливо место за живеење.

- Мислам дека Њујорк треба да продолжи да го прави она што го прави. Тоа е многу возбудливо место за живеење, според генерацијата З, и морам целосно да се согласам со нив. Да се биде на место каде што се чувствува таа возбуда, каде што имате култура и каде што можете да излезете во кое било време од денот и да најдете нешто забавно да правите е навистина посебно и мислам дека е навистина уникатно за Њујорк - вели Калган.

Извор: forbes.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот