X
 13.04.2016 Образование

Што треба да направите кога лансирате стартап компанија?

Сигурно сте поминале недели, месеци или можеби години во планирање на вашиот мал бизнис. И конечно работите се при крај и сте подготвени да влезете во бизнис светот, и сте доста возбудени за лансирање на вашата компанија.

Она што треба да го знаете е дека за пазарот нема да бидете важни се` додека не ги зацврстите вредностите на вашиот бренд, додека не ги образувате луѓето за вашата индустрија и не стекнете пристоен износ на кредибилитет. Овие неколку задачи ќе ви помогнат во лансирањето на вашиот бизнис и ќе ве подготват вас за овој процес.


1. Распределете ја работата


Монотоните испитувања за започнување на бизнисот може да биде доволно напорни и да го спречат секој бизнисмен да започне со работа - особено кога постојат позабавни и повозбудливи задачи на кои можете да се фокусирате. Наместо да се концентрирате на досадни и тешки задачи, ослободете се од некои задачи со тоа што ќе им ги дадете на некој кој ќе се погрижи за нив.

Веб страната Hopstcratch обезбедува се` што ви е потребно за да започнете со бизнисот и ви помага да успеете, вклучувајќи формирање на бизнис, започнување на страна, соодветен софтвер за сметководство, прилагодени бизнис картички и неопходните правни документи.

2. Зацврстете ги вредностите на вашиот бренд?


На што се однесува вашиот бизнис? Едноставно кажано, која е неговата цел? Сопствениците на бизнис треба да бидат способни прецизно да го пренесат духот и одговорностите на нивните компании до јавноста; со тоа ќе го зајакнат присуството на нивните компании во заедницата. Приказната за вашата стратап компанија која ја споделувате со другите треба да ги инспирира луѓето да веруваат во вашата главна мисија. Треба да бидете се` што е можно за да го брендирате вашиот бизнис онлајн.

Од суштинско значење е да ја знаете вашата бренд приказна, бидејќои тоа дефинитивно ќе ви помогне во зголемувањето на приходите и изградбата на кредибилитетот помагајќи да развиете моќни вештини за раскажување на приказни.

3. Соберете онлајн следбеници

Еден претприемач едноставно не може неговиот/нејзиниот успех да го зголеми без да има онлајн следење. Одржувањето на висока вклученост во онлајн заедницата ќе ги убеди луѓето кои се нови во вашиот бизнис и ќе им понуди заедница за она што им е потребно.

Со имплементирање на содржина која ќе го привлече вниманието на луѓето, драстично ја подобрува способноста на вашата компанија да ја достигне својата целна група. Ефективната маркетинг содржина исто така и тоа како и` помага на вашата компанија. Веб страната ClearVoice на претприемачите и сопствениците на бизниси им овозможува да се фокусираат на повеќе претприемачки прашања.

4. Зголемете ја возбудата во околината со лансирањето на стартап компанијата


Маркетингот на социјалните медиуми е одличен начин за промовирање на вашиот бизнис, но не е единствениот. Понудете волшебни рекламни материјали, натпревари, купони и други кампањи кои на вашата компанија ќе и` овозможат одлична промоција. Не мора да бидете дизајнерски генијалец за да можете да создадете интересни галерии, pop-up прозорци, и интересни купони за вашата компанија.

Ваквите додатоци можат да ви помогнат и на вашиот производ или услуга да му дадат чувство на итност и недостаток пред да биде лансиран, кои ќе ги охрабрат луѓето да започнат да се интересираат за вашите услуги.

5. Направете веб страна пред самото лансирање

Веб страните пред лансирањето играат голема улога за самата ваша компанија. Тие овозможуваа објаснување на вашиот производ и услуги, и место кадешто луѓето можат да се регистрираат на вашата меил листа. Ако страната е веќе готова и работи, тогаш почетната страна можете да ја направите место кадешто посетителите ќе можат да научат нешто повеќе за комапнијата и да ве пронајдат на социјалните медиуми.

Без веб страна, луѓето ќе добијат впечаток дека вашата компанија е неразвиена или недостапна за јавноста. Веб страните како LaunchRock се специјализирани во помагање на сопствениците на бизнис и креативните мислители.

6. Бета тестови и квизови

Бета тестирањето на вашиот производ или услуги е одличен начин за постепено воведување на јавноста во нив. Бета тестовите овозможуваат на производот да се прилагоди и усоврши за потребите на јавноста. Ако вашиот производ е физички, тогаш можете да земете примероци и да го тестирате производот за да видите како јавноста ќе реагира. Доколку производот е виртуелен, како на пример апликација за паметен телефон или нов софтвер, тогаш можете да искористите веб страни како Centercode, Betabound и Applause за да добиете вредно мислење за вашиот производ и препораки врз основа на неговата ефикасност.

7. Изградете го вашиот кредибилитет


Одличен начин за влегување во светот на претприемништвото пред лансирањето на вашата стартап компанија е преку гостувања, блогови, списанија, билтени и други публикации. Ова е бесплатно рекламирање кое ви дава можност да го промовирате вашиот бренд и да објасните што поинаку ќе правите од останатите во вашата индустрија. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование