X
 30.11.2015 Живот

Потрага по подобра работа додека сте вработени

Вработените лица имаат повеќе причини за барање нова работа без да дадат отказ. Локацијата, платата или трошоците може да бидат причина. Без разлика на причината, професионалците од „Job network“ имаат неколку совети во врска со барањето нова работа без давање отказ во старата.


Бидете дискретни

Доколку барате огласи за вработување, не им кажувајте на колегите, доколку не сакате вашиот претпоставен да дознае. Некои работодавци не се грижат кога вработен сака да промени работно место, но тоа сигурно ќе ги спречи да ви ја зголемат платата или да ви даваат повеќе одговорности.

Не давајте отказ

Полесно е да се најде нова работа доколку веќе работите. Освен тоа, не треба да се стане мрзелив само бидејќи знаете дека ќе се откажете од работата.

Помислете пред да ги внесете референците

Можеби ќе сакате да ги вклучите моменталните претпоставени или колеги како референци, но не го правете тоа. Очигледно, доколку бидете повикани на интервју, тие ќе дознаат.

Не зборувајте лошо за претпоставениот

Моменталниот претпоставен можеби не е најдобар, но лошиот збор за него секогаш ќе биде лоша идеја бидејќи новите работодавци може да помислат дека се жалите од работа и сте тешка личност за соработка.

Планирање интервјуа

Кога ќе закажувате интервјуа за работа, не ги закажувајте во текот на работноцо време бидејќи останатите вработени може да започнат да се сомневаат. Освен тоа, не известувајте за нив на социјалните мрежи за да не се дознае вашиот план.

Не користете службени уреди

Не ги користете службените уреди, како телефони или компјутери за да барате огласи или да испраќате биографии. Компаниите ги набљудуваат своите уреди.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот