X
 13.05.2018 Наука

Најголемите прашања на светот одговорени во документарец

Со векови луѓето се прашуваат дали се сами и од што е направен универзумот. Научниците ќе се занимаваат со овие прашања во два документарни филмови кои се дел од новата серија од шест епизоди наречена „Nova Wonders.“

„Nova Wonders: Are We Alone?“ ги покани гледачите да им се придружат на научниците во неколку различни дисциплини додека тие ја решаваат оваа мистерија. Домаќините на шоуто истражуваат што различни научни гранки имаат да кажат за веројатноста за живот некаде на друго место во универзумот.

Филмот започнува со ѕврздата Таби, конфузен објект кој го привлече вниманието и на научниците и на јавноста поради променливото затемнување. Тоа доведе до шпекулации дека можеби е опкружена од вонземјанска мегаструктура, иако тоа е неверојатно.

Потоа во филмот се дискутира ширењето на егзопланетите кои луѓето ги откриле во последните неколку децении и условите кои можат да ги направат зрели за живот.

Документарецот, исто така, ги следи плановите на научниците да бараат живот поблиску до дома. Европа, сателитот на Јупитер и Енцелад, сателитот на Сатурн покажуваат докази за големи океани со течна вода закопана под нивните заледени кори. А нивната близина до Земјата значи дека можеме да истражуваме дали таму има живот.



Премиерата на шоуто наречено „What is the Universe Made of“, односно „Од што е направен универзумот“, ќе биде на 30 мај. Шоуто дава прекрасен вовед во темните материи и темната енергија - феномени кои се толку конфузни што и самите имиња кажуваат колку малку знаеме за нив. Истражувачите признаваат дека, покрај тоа што се способни да го потврдат постоењето на овој феномен, тие не знаат многу како функционира.

Луѓето кои го снимале филмот патувале низ целиот свет за да ги истражат најдобрите обиди на научниците да дешифрираат што може да се темната енергија и темната материја.

-Сега е меѓународен научен напор. Сакавме да го избегнеме чувството дека американските научници го прават ова сами - вели Овен Палмквист, продуцент.

Тој објаснува како патувањето во астрономската опсерваторија во Чиле било многу возбудливо и како Џенифер Маршал, која била главен научник во таа земја, им кажала само да ги следат вестите за неколку недели. Неколку месеци подоцна, конечно била објавена веста: научниците открија гравитациски бранови од две неутронски ѕвезди се мешаат.

-Буквално се случи да бидеме таму во точно време - вели Палмквист.

Тој додава дека ова е најтешкиот документарен филм на кој некогаш работел.

Тимот посветил внимание на пренесување на она што научниците го знаеле за овие мистериозни феномени. За да сѐ стане појасно, тимот се враќа сто години наназад. Пред околу еден век, астрономите мислеле дека универзумот ги опфаќал ѕвездите за кои сега велиме дека ѝ припаѓаат на нашата галаксија - Млечниот пат. Кога Едвин Хабл сфатил дека универзумот оди надвор од периферијата на нашата галаксија, тој открил дека се шири. Со текот на времето, ова доведе до низа откритија и теории, од големата експлозија, до космичка инфлација и експанзија.

Филмот ја опфаќа и работата на астрономот Вера Рубин, чија работа укажала на постоењето на темната материја. Нејзините набљудувања се совпаѓаат со прогнозите од 1930-ите дека некаква невидлива материја дава дополнителна гравитација која изгледала потребна за да се задржат структурите во универзумот заедно. Супстанцата била наречена темна материја.

„Are We Alone“ и „What's the Universe Made Of?“ ќе бидат пренесувани на „Фејсбук“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука