X
 14.08.2019 Наука

Научниците најдоа начин за создавање милиони виртуелни универзуми

Научниците употребиле суперкомпјутер за да симулираат создавање и еволуција на 8 милиони виртуелни универзуми, од кои секој содржи 12 милиони галаксии, и во процесот тие откриле нешто ново за универзумот во кој живееме.

Галаксиите користат водороден гас од ѕвездите, но некои галаксии прекинуваат да создаваат нови ѕвезди иако сè уште имаат многу водороден гас. Претходно научниците ова го припишуваа на комбинација од фактори.

Прво, тие мислеа дека супермасивните црни дупки во центрите од галаксиите можеби произведуваат премногу енергија за водородот да се олади до температури на кои се создаваат ѕвезди, а експлозиите на суперновите само се дополнување на пеколот.

Темната материја исто така може да игра улога бидејќи нејзината гравитациска сила на водородниот гас би предизвикала зголемување на температурите.

- Со враќањето наназад во минатото на универзумот би очекувале темната материја да биде погуста и гасот да станува сè потопол. Ова е лошо за формирање на ѕвездите, па мислевме дека многу галаксии во раниот универзум сигурно престанале да формираат ѕвезди уште многу одамна - истакна истражувачот Питер Берузи.

Но, преку симулации на универзумот овозможени од суперкомпјутер научниците откриле дека не е така.

Само кога ги дотерале нивните симулации за да им дозволат на раните галаксии да продолжат ефикасно да формираат ѕвезди подолго време, тие галаксии еволуирале и формирале виртуелни универзуми кои личат на реални.

- Со други зборови, принудени сме да заклучиме дека галаксиите создавале ѕвезди поефикасно во раните времиња отколку што мислевме. И ова ни кажува дека енергијата создадена од супермасивните црни дупки и ѕвездите што експлодираат е помалку ефикасна при придушено формирање ѕвезди отколку што предвидуваа нашите теории - вели Берузи.

Ова е првата студија што точно симулира толку голема секција од нашиот универзум - но дури и нејзините 12 милиони галаксии се само дел од повеќе од 100 милијарди галаксии, колку што астрономите веруваат дека има во универзумот.

Сепак, со оглед на тоа дека суперкомпјутерите стануваат сè помоќни, може и да не помине многу време пред научниците да можат да го симулираат создавањето на нашиот универзум и можеби ќе решат една од најголемите мистерии во процесот.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука