Во партнерство со најреномираните светски ИТ-брендови: Microsoft, Oracle, ISTQB, Adobe, Autodesk, Python Institute…
Децениската традиција на Семос Едукација за создавање професионалци во најбараните ИТ-професии продолжува и оваа година.
Делумните стипендии Семос Едукација ги обезбедува преку својата партнерска мрежа како долгогодишен партнер и авторизиран тренинг и тестинг-центар на гореспоменатите светски ИТ-брендови.
Стипендиите се наменети за сите нивоа на експертиза во соодветната област: од почетници без никакви предзнаења, до експерти кои бараат професионално надградување и официјална сертификација. Истите ќе се доделуваат преку летните менторски програми во кои се вклучени пакет
официјални обуки во Семос Едукација, стипендии и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци со долгогодишно искуство.
Најдобрите слушатели ќе добијат можност за понатамошен професионален развој преку Кариерениот центар во Семос Едукација кој ќе ги поврзе со своите компании-партнери.
Оваа година ќе бидат доделени вкупно 80 стипендии за професиите:
1. 10 делумни стипендии за Data Analyst by Microsoft
2. 10 делумни стипендии за Web Developer by Microsoft
3. 10 делумни стипендии за Software Tester by ISTQB (ISQI)
4. 10 делумни стипендии за Android Developer
5. 10 делумни стипендии за Java Developer by Oracle
6. 10 делумни стипендии за 3D Artist by Autodesk
7. 10 делумни стипендии за Motion Graphic Designer by Adobe
8. 10 делумни стипендии за Python Backend Web Developer with Django framework by Python Institute
Изборот на овие професии се заснова на огромната побарувачка не само во ИТ-индустријата, постои дефицит од овие кадри и во сите други индустрии, особено во време на глобална пандемија кога личните и корпоративните бизниси се одвиваат онлајн.
• Data Analyst се вбројува во топ-5 најбарани професии кои ќе бидат застапени по пандемијата, додека програмерите (Microsoft, Web Developer, Python…) се секогаш помеѓу најбараните и најдобро платените професии на светско ниво.
• Софтвер тестер е најбрзо растечката професија во моментов, но и релативно лесно се учи.
• Креативните индустрии се во постојан развој и потреба од квалификувани и сертифицирани Adobe кадри.
• Motion Graphics Designer, во моментов е една од најбараните професии.
• Развојот на андроид-апликации е во полн ек. Компаниите се во постојана потреба од андроид девелопери кои ќе работат на подобрување на перформансите на постојните апликации и креирање нови, додека потрошувачите се во постојана потрага по апликации кои ќе им го подобрат секојдневието.
• Големите корпорации како Facebook, Google, Amazon и Netflix трошат милијарди долари годишно на технологија за виртуелна реалност и создавање 3Д-содржина. Професиите поврзани со овие области сега се на бранот на популарноста, па затоа креиравме и летна менторска програма каде што слушателот ќе биде подготвен да работи како 3Д-артист во студио, во филмска, гејминг, ВР или видеопродукција.
Сите
летни менторски програми се креирани следејќи ги најновите трендови, со цел секој да се пронајде во една од овие професии и преку стипендија да добие шанса за перспективна кариера како ИТ-професионалец.
Ова е одлична можност за сите оние што сакаат да учат, да напредуваат, да направат целосна преквалификација и лица што сакаат да ги прошират своите знаења и да напредуваат во кариерата. Најдобрите слушатели кои ќе се посветат целосно и ќе учат ќе имаат можност за пракса и вработување во компанијата преку нивниот Кариерен центар.
(Комерцијална објава)