Уписнина за 20 студенти за вонредни двегодишни студии од II (втор) циклус во рамките на Извршната програма за бизнис-администрација, МБА, насоки за:
- Општ менаџмент
- Маркетинг
- Финансии
- Менаџмент во логистика
- Менаџмент во здравство
- Менаџмент на човечки ресурси
На овој конкурс може да се пријават стручни лица од различни профили и бизнис-менаџери вработени во компании од приватниот и од јавниот сектор.
Кандидатите што ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните услови:
• Да имаат завршено академски универзитетски студии од прв циклус со постигнат просечен успех од најмалку 8,00.
• Да имаат работно искуство од минимум 3 години;
• Да имаат одлично познавање на англискиот јазик (TOEFL сертификат со резултат 89 (кога се полага преку интернет) или IELTS со резултат 6,5 или нивен еквивалент). Кандидатите што имаат завршено средно/високо образование на англиски јазик не се обврзани да приложуваат ваков сертификат. Кандидатите што не поседуваат еден од горенаведените сертификати ќе бидат тестирани од страна на Сити колеџот. За датумот и местото на тестирањето, кандидатите ќе бидат дополнително известени.
• На денот на пријавувањето кандидатите треба да се постари од 24 години.
За преостанатите услови, како и за начинот на пријавување, прочитајте на
ОВОЈ ЛИНК