X
 14.09.2015 Образование

ФЕИТ официјално врачи 14 стипендии за новите студенти

Се зајакнува образовниот столб на електро-енергетскиот систем

Благодарение на иницијативата на Факултетот за електротехника и информациски технологии и взаемната соработка и залагање на компаниите ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, денеска, официјално беа врачени стипендии на 14 нови студенти.

“Овој проект е повеќе од успешен за сите нас од повеќе аспекти: ние добиваме поголем број квалитетни студенти, го зајакнуваме нивото и квалитетот на студирање во полето на енергетските насоки, а воедно компаниите ги добиваат најдобрите студенти - идни првенци на генерација и високо-квалификуван инженерски кадар, профилиран според потребите на самите компании”, рече деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски.


Според него, од година в година, прогресивно се зголемува бројот на новозапишани студенти на ФЕИТ, со тоа расте и конкуренцијата во поглед на бројот на пријавени студенти апликанти за стипендии.

„АД ЕЛЕМ, изминативе три години, активно ги поддржува студентите на ФЕИТ преку стипендирање, а првите дипломци што сме ги стипендирале, очекуваме да дипломираат оваа академска година. Тоа значи дека нашите идни енергетичари биле доволно силно мотивирани да го задржат успехот низ студирањето и да се истакнат со своето знаење и интерес кон науката, а со тоа секако и да го задржат правото на стипендирање низ сите години. Со овој чин се надеваме дека ќе ги поттикнеме и дополнително мотивираме да ги вложат сите свои сили и капацитети и да постигнат забележителен успех во својата мисија да станат дипломци од оваа институција, а во иднина и истакнати професионалци во електро-енергетскиот сектор“, истакна Антонио Ивановски, помошник директор за производство во АД ЕЛЕМ.

Стратегиска цел на ЕВН Македонија е привлекување на најдобрите млади, стручни и високообразовни кадри и поддршка на образовниот процес, рече Анета Петровска - Русомароски, менаџер за човечки ресурси во ЕВН Македонија.

“Затоа, секоја година даваме поддршка на студентите од енергетските насоки кои имаат високи академски постигнувања и посветеност кон континуиран личен и професионален развој. Многу не радува тоа што нашата цел е остварена, првата генерација на стипендисти веќе се вработени кај нас и даваат придонес кон нашата цел - сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија, вели Петровска – Русомароски.

За Иван Коробар, шеф на кабинетот на АД МЕПСО, тоа што годинава има повеќе стипендисти од лани во посилна конкуренција на апликанти и тоа што во конкуренција за стипендии се студенти со висок успех, односно просек, е голем мотив за сите енергетските компании, оваа пракса на доделување стипендии да премине во традиција.

„Чест и задоволство е да се креира и учествува во активност која станува позитивна општествено-одговорна практика и дава одлични резултати и притоа ги мотивира студентите да постигнуваат  подобри резултати во академските циклуси”, додаде Иван Коробар-шеф на кабинетот на АД МЕПСО.

Студентите – стипендисти, со заеднички став, велат дека електроенергетскиот сектор во Македонија е дефицитарен, ФЕИТ нуди најголеми перспективи и отворени можности, потенцирајќи дека овие стипендии претставуваат голем мотив за понатаму.

Покрај традиционално доделените стипендии, на денешната церемонија беа доделени и награди и пофалници за најдобрите 60 студенти кои учебната 2013/14 година ја завршиле со успех 9 и над 9.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование