X
 13.06.2019 Живот

ИКЕА бара „ловец на среќа“ кој може да освои патување во Данска

ИКЕА сака да ве испрати на двонеделна посета во Копенхаген, меѓутоа, не станува збор за одмор. ИКЕА Данска организира глобален натпревар и е во потрага не само по победник, туку и по „ловец на среќа“ - некој што ќе види како е да се живее во една од најсреќните нации во светот.

- Знаеме дека Данците имаат силна емоционална врска со нивните домови, кои ги гледаат како безбеден простор за здравје и „хиге“ - вели Лена Гарде, менаџер за комуникации.

- Во нашето истражување „Животот дома“ во 2017 година, прашавме повеќе од 20.000 луѓе од 22 различни земји за нивните чувства кон домот. 9 од 10 Данци рекоа дека чувствуваат мир и среќа кога размислуваат за своите домови. Тоа нè тера да мислиме дека среќата произлегува од автентичниот живот на Данецот дома - вели таа.

1
Фото: Getty Images

Победникот на натпреварот ќе ѝ помогне на ИКЕА да ја истражува оваа идеја, така што ќе живее во Копенхаген на начин на кој живее просечниот Данец. Трошоците за патување на финалистите ќе бидат покриени, ќе имаат привремен дом во Копенхаген, ќе добиваат просечна данска плата и ќе плаќаат просечен данок. Ќе поминат две недели запознавајќи ги државата и данскиот начин на живеење - вклучувајќи ги домашните посети, туристичките тури, разговорите и вечерите. Нивна задача ќе биде и да пишуваат блог за нивното искуство, а ќе бидат следени од камера која ќе продуцира мини-документарен филм за целата авантура.

ИКЕА бара кандидати што се љубопитни, сакаат да патуваат и да запознаваат нови луѓе, сакаат да бидат на камера и во центарот на вниманието и треба да се полнолетни. Секако, важно е и да имаат волја за откривање на тајната за среќата.

Рокот за аплицирање е до 1 јули. ТУКА можете да аплицирате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот