X
 26.11.2019 Здравје

Која земја во ЕУ има најмал број на граѓани со прекумерна тежина?

Добри вести за Данците. Според новиот извештај на ОЕЦД наречен „Тешкиот товар на дебелината“, Данска има најмал број на дебели граѓани во Европската Унија.

Извештајот откри дека само 20 отсто од Данците се дебели, односно имаат индекс на телесна маса над 30, што значи дека се на врвот во ЕУ зад Швајцарија, Индонезија, Кина, Јужна Кореја, Јапонија и Индија во ОЕЦД.

Но, ова не значи дека Данците имаат одлични резултати на сите полиња кога станува збор за дебелината. Извештајот исто така покажа дека околу 6 отсто од Данците се сметаат за екстремно дебели со индекс на телесна маса над 35, што ја става Данска во помалку посакуваната половина на Европа.

Саудиска Арабија има најголем удел на дебели луѓе во ОЕЦД со околу 37 отсто, а потоа следуваат САД, Турција, Нов Зеланд, Канада, Австралија, Малта, Мексико, Аргентина и Чиле.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје