X
 13.06.2020 Економија

Проверете дали ќе добиете ваучер за туризам

Владата ја пушти во употреба страницата на која граѓаните можат да проверат дали ќе добијат ваучери за туризам во вредност од 6.000 денари.

На страницата е наведено дека ваучери ќе добијат вработените лица со нето-плата од 15.000 денари месечно и лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП.

Како да проверите?

За да проверите дали сте добитник на ваучер за туризам, одете на страницата domasiedoma.gov.mk. Подолу на самата страница можете да видите поле каде треба да го внесете вашиот матичен број, а треба и да кликнете на квадратчето пред „I'm not a robot“ и кога ќе ви се појави знакчето за точно (како на фотографијата подолу) кликнете на „Пребарај“.



Како ќе се испраќаат ваучерите?

Ваучерите ќе им бидат испратени на граѓаните преку имејл-адресата која тие ја оставиле во УЈП, а потоа жителите ќе можат да го преземат и испечатат.

Испраќањето на ваучерите ќе се одвиива од денес до 15 јуни, а истите ќе може да се искористат од 15 јули до 15 декември 2020 година за сместувања и патувања во Македонија.

На страницата до 5 јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата, по што граѓаните ќе можат да си одберат каде сакаат да го искористат ваучерот.

Што ако ве нема на листата?

Доколку спаѓате во овие категории на граѓани а не сте во листата, документацијата за доказ треба да ја испратите на vaucer@economy.gov.mk или kupon@economy.gov.mk.

Во пораката задолжително наведете ги следните информации:

-Матичен број
-Име и презимe
-Адреса на живеење
-Општина
-Телефонски број за контакт

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија