Вкупно 950.000 домаќинства во Виена ќе добијат ваучери со кои ќе им се помогне на рестораните, кои два месеца беа затворени поради пандемијата, објави тамошниот градоначалник Михаел Лудвиг.
Градот ќе му даде по 50 евра на секое повеќечлено семејство, а на самците по 25 евра.
Ваучерите ќе важат од утре, кога ќе се отвораат рестораните. Сепак, градот порача дека нема да го финансира консумирањето на алкохолни пијалаци.
- Се бориме за секој деловен субјект, за секое работно место - истакна градоначалникот.
Десетици илјади лица работат во повеќе од 9.000 ресторани и кафеани во австрискиот главен град и создаваат годишен приход од 1,4 милијарда евра.
Виенската програма на ваучери вредна 40 милиони евра ја следи владината програма за помош на рестораните вредна 500 милиони евра, која вклучува ублажување на даночните давачки.
Фото: Unsplash