X
 13.06.2024 Живот

Розов паркинг и сунѓерести тротоари: Овој град е пријателски настроен кон жените

Дали знаете дека Сеул, главниот град на Јужна Кореја, започна уникатна кампања вредна 100 милиони долари во 2007 година за да стане еден од најпријателските градови за жените? Овој амбициозен проект вклучуваше низа иновативни мерки дизајнирани да го подобрат секојдневниот живот на жените во градот.

Меѓу најинтересните иницијативи се посебните паркинг-места означени со розова боја, наменети исклучиво за жени.

Овие посебни паркинг-места, кои се речиси 5.000 на број, се поставени на стратешки локации во близина на влезовите на зградите и трговските центри, со што се зголемува безбедноста и удобноста на жените возачи. Целта на оваа мерка е да им се олесни на жените да најдат место за паркирање, особено во вечерните часови кога се враќаат дома.

 
Освен тоа, градските власти се погрижија и за реконструкција на тротоарите. Многу тротоари во Сеул сега се покриени со специјален сунѓер за да им се олесни на жените одењето на високи потпетици? Овој иновативен пристап го намалува напорот при одење и придонесува за поголема безбедност, намалувајќи го ризикот од падови и повреди.

- Ова е само почеток на нашите напори да го направиме Сеул град во кој жените ќе се чувствуваат безбедно и удобно. Сакаме да им го направиме секојдневниот живот полесен и побезбеден, без разлика дали станува збор за возење автомобил, пешачење или која било друга активност - изјави еден градски функционер.

Кампањата наиде на позитивни реакции во светот, а Сеул стана пример за другите градови за тоа колку едноставни, но ефективни мерки можат да придонесат за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани, особено на жените.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот