X
 04.07.2021 Живот

Оваа фотографија ги прикажува првите 3 лиценцирани докторки во своите татковини

Оваа историска фотографија од 1885 година прикажува три докторки кои се здобиле со диплома за медицина. Воедно, тие се и првите жени од нивните земји (Индија, Јапонија и Сирија) што се стекнале со диплома за западна медицина.

На 10 октомври 1885 година, на фотографијата се прикажани Анандибаи Јоши од Индија, која дипломирала во 1886 година, Кеи Оками од Јапонија, која дипломирала во 1889 година и Сабат Исламболи од Сирија, која дипломирала во 1890 година.

Приказната за овие три жени е поврзана со историјата на Медицинскиот колеџ „Дрексел“ во Пенсилванија и неговиот придонес во медицинската обука на жени-доктори.

1

Како дел од серијата „Лицата на Дрексел“ од 2017 година, публикацијата на колеџот детално ја прикажува приказната зад оваа фотографија.

Сега познат како Универзитетски колеџ за медицина „Дрексел“, институцијата е составена од неколку други што биле припоени низ годините. Една таква институција бил женскиот Медицински колеџ во Пенсилванија, едно од првите медицински училишта во светот за жени, во кое учеле сите три жени прикажани на фотографијата од 1885 година.


Училиштето, основано од Елизабет Блеквел, која воедно била и првата жена што добила медицинска диплома во САД, им давало можност за студирање на Афро-американките кога ропството сè уште било легално во Америка. Институцијата создала можности за жени од различно потекло низ целата земја и обучувала странски студенти, што било реткост за училиштата во тоа време.

2

Во 1885 година, трите жени се фотографирале заедно, носејќи ги традиционалните фустани на нивните земји, покажувајќи ја посветеноста на училиштето кон инклузивноста и обезбедувањето можности за сите.

Прва од лево, Јоши, одлучила да студира медицина по загубата на нејзиното бебе, охрабрена и поддржана од нејзиниот сопруг. По дипломирањето, кралицата на Индија, Викторија, ѝ испратила писмо за да ѝ честита. За жал, Јоши не успеала да практикува медицина бидејќи починала од туберкулоза на 22-годишна ворзаст, една година по дипломирањето.

1

Оками, која е на средината на фотографијата, станала шеф на одделот за гинекологија во болница во Токио, но наскоро поднела оставка откако владеачкиот император одбил да се сретне со неа затоа што била жена. По оваа случка, таа отворила приватна пракса и со тоа се занимавала 20 години. По затворањето на нејзината пракса, таа служела како заменик-директор на училиштето за девојки „Шоеи“, основала училиште за медицински сестри во истите простории на училиштето и на крајот се повлекла поради рак на дојка.

За жал, нема многу информации за третата жена на фотографијата - Сабат Исламболи. Се верува дека по дипломирањето, таа се вратила во Дамаск, а подоцна во Каиро во 1891 година.

Извор: Petapixel.com
Фото: Public domain
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот