X
 13.07.2019 Култура

Стигнува нова серија, без Ланистер и Таргариен, но ќе биде вклучено семејството Старк

Зимата повторно е тука, како и новата серија што ќе објасни како дошло до борбата за Вестерос и Железниот престол. Но, иако никој од актерите што ги гледавме во „Игра на троновите“ нема да глуми во новата серија, чие дејство е сместено многу години пред борбата за Вестерос, во неа ќе биде едно познато семејство - Старк.

Писателот на книгите од серијалот „Песна за мраз и оган“, Џорџ Р. Р. Мартин, потврди дека ќе учествува во создавањето на новата серија во која ќе биде објаснето што се случувало илјада години пред борбата за Железниот престол.

- Дефинитивно семејството Старк ќе биде тука. Тука ќе бидат и Белите шетачи, страволци и мамути - изјави Мартин.

Сето ова има смисла доколку внимателно ја следевте „Игра на троновите“, бидејќи сигурно забележавте дека се споменува дека на семејството Старк предци му се Првите луѓе што владееле со Вестерос пред илјадници години и го контролирале Северот, дури и откако Андалите дошле од Есос и ги нападнале.

serija

Бидејќи дејството во серијата ќе се случува илјадници години пред она што се случуваше во „Игра на троновите“, се чини дека семејството Ланистер нема да го гледаме.

Она што сигурно ќе го гледаме е уништувањето на златната доба на хероите и преминувањето во најмрачниот период. Најверојатно ќе откриеме и како биле создадени Ноќниот крал, Белите шетачи и останатите мистични суштества.

Златната доба на хероите се случувала 10.000 години пред „Игра на троновите“, кога Првите луѓе и Децата на шумата склопиле примирје. Примирјето траело 4.000 години, а во текот на тој период бил создаден Ѕидот, а Брен - Градителот Старк го изградил Винтерфел. Овој период ја вклучува и војната против Белите шетачи и Долгата ноќ.

Еден од предлозите е серијата да се вика „Долга ноќ“. Долгата ноќ всушност е зима што траела колку една генерација и им овозможила на Белите шетачи да стигнат од Северот до Вестерос. Во серијата ќе глумат Наоми Вотс, Наоми Аки, Денис Гуг, Џоџ Вајтхаус, Шејла Атим, Ивано Џеремаја...
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура