X
 21.12.2017 Култура

Најдобрите книги за 2017 година

Од колекција кратки приказни до роман за корејско семејство, ова се најдобрите книги што ги понуди изминатава година.

10. Џоан Силбер, „Improvement“

1
Фото: Counterpoint Press


Славната Силбер создава уште еден уметнички структуриран роман во кој приказните на повеќето ликови се раскажани на доста остроумен начин, поминувајќи низ генерации и континенти. Кики се упатува кон Истанбул во 1970 година и стапува во брак со Осман, продавач на теписи. Бракот се распаѓа откако таа ќе го следи Осман во неговото изолирано родно село.

9. Мин Јин Ли, „Pachinko“

2
Фото: Grand Central


Книгата следи четири генерации од едно корејско семејство од 1910 година кога Јапонија ја анектирала Кореја. Започнува со рибар и неговата сопруга, кои управуваат со пансион во село во близина на пристанишниот град Бусан.

8. Маргарет Вилкерсон Секстон, „A Kind of Freedom“

4
Фото: Counterpoint


Првиот моќен роман на Секстон го следи семејството црнци што живее во Њу Орлеанс за време на Втората светска војна, сè до последиците од ураганот „Катрина“.

7. Џорџ Сандерс, „Lincoln in the Bardo“

3
Фото: Random House


Сандерс, веќе познат како маестрален раскажувач, ја освои наградата „Man Booker“ за оваа година. Романот се случува на гробиштата откако синот на Абрахам Линколн, Вили, починал од тифус на 11-годишна возраст во 1862 година. Претседателот жалел додека се случувала Граѓанската војна.

6. Луис Ердрич, „Future Home of the Living God“

5
Фото: Harper Collins


Неодамна наградената трилогија на Ердрич ги истражува концептите на правдата во лирска проза. Изненадувачки, подоцна таа се претвора во дистописка фикција. Таа создава кошмарен регресивен свет во кој се менува еволуцијата, што доведува до коњи со големина на мачки, гуштери и мртвородени бебиња.

5. Роксан Геј, „Difficult Women“

6
Фото: Grove Press


Геј дава моќен глас што тече низ нејзиното дело како романсиер и културен критичар на 21 кратка приказна во нејзината колекција. Дел од нив го истражуваат интимниот процес на пребродување на стравот и болката за преживување.

4. Шерман Алекси, „You Don’t Have to Say You Love Me“

7
Фото: Little, Brown


Дивиот лосос обезбедувал физичка и духовна издржливост меѓу Интериор Салиш - народот на Алекси. Во 1938 година, пет години по изградбата на браната Гранд Кули во Вашингтон, оваа риба исчезнала.

3. Кристина Гарсија, „Here in Berlin“

8
Фото: Counterpoint


Новиот роман на Гарсија е ингениозно структуриран, од потресен до шокантен. Посетителот, кубанско-американски раскажувач, во 2013 година патува во Берлин во потрага по приказни и ги наоѓа на сосема неочекувани места.

2. Џенифер Еган, „Мanhattan Beach“

9
Фото: Scribner


Ова е повеќеслоен роман чие дејствие се одвива во 40-тите години во Бруклин. Со интимен фокус, Еган раскажува за Еди Кериган, Ирец кој ја преживува депресијата работејќи за мафијашот Декстер Стајлс и неговата ќерка Ана.

1. Јесмин Вард, „Sing Unburied, Sing“

10
Фото: Scribner

Вард ја освои Наградата за национална книга за овој прогонувачки роман чии проблеми го вклучуваат 13-годишниот Џо Џо, кој се наоѓа на клучна раскрсница. Неговата свест за смртноста и неправдата се меша со љубов кон неговите баба и дедо Поп и Мам и неговата тригодишна сестра Кејла. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура