X
 13.08.2019 Живот

Црна Гора забрани пушење во затворени простории

Во Црна Гора од утре ќе биде забрането пушењето во затворен простор бидејќи стапува во сила законот за ограничување на употребата на тутунски производи.

Со законот строго се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината. Според овој закон, забранета е употребата на тутунски производи во која било просторија или дел од просторија каде што се консумира храна или пијалаци.

Исто така, строго е забрането консумирање на тутунски производи во кој било дел од затворен простор каде што работат, меѓу другите, државни и локални органи и служби, простор каде што се вршат здравствени, одгледувачко-образовни или културни дејности, социјална заштита, спорт и рекреација, трговска дејност, производство, промет или складирање храна, снимање и јавно емитување на програма, како и во простор каде што се одржуваат состаноци и јавни собири.

Освен тоа, со новиот закон се пропишува и забрана за ставање во промет на тутунски производи чие пакување не содржи здравствено предупредување, кое се состои од здравствено/текстуално и сликовито предупредување, кое мора да покрива по 65 отсто од предната и задната надворешна површина на поединечно пакување на тутунски производи.

Оние што ќе ги прекршат одредбите на законот може да платат казна до 20.000 евра.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот