X
 04.01.2022 Живот

Колку години треба да работите за да купите стан во Македонија и во други земји на Балканот?

Многу жители во земјите од регионот не може да си дозволат да купат стан бидејќи нивната заработувачка е ниска во однос на цените на становите. Анализа спроведена од српскиот медиум „Нова“ покажува колку години работа се потребни за да се купи стан од 60 квадратни метри во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и во Македонија.

Така, за да се купи стан по просечна цена во Србија, на еден жител му се потребни 13,3 години. Поточно, просечната цена на стан со таа големина во Србија е еднаква на збирот на целосни просечни плати во период од 13,3 години.

Во Босна и Херцеговина жителите треба да издвојуваат цела плата во период од 9 години за да купат стан, во Хрватска - 9,5 години, а во Црна Гора - 11.

Според пресметката, во нашата земја треба да издвојувате цела просечна плата во период од 9,9 години за да соберете доволно за стан од 60 квадратни метри.

Извор: Nova
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот