X
 13.08.2022 Живот

Мажите сепак живеат подолго од жените?

Долго се верувало дека жените живеат подолго од мажите, но ново истражување покажува нешто различно. Мажите имаат пократок очекуван животен век од жените, но според академици од Данска, тие имаат големи шанси да ги надживеат жените.

Очекуваниот век на животот е поедноставена мерка според која се пресметува дека мажите живеат пократко од жените, велат експертите. Меѓутоа, новото истражување покажува во оваа пресметка не се земаат предвид варијациите околу просекот, како и фактот дека голем дел од мажите би можеле да живеат подолго од голем дел од жените.

Во истражувањето се наведува и дека просечниот очекуван животен век би можел да се мери подобро со разгледување на разликите помеѓу земјите.

Во истражувањето биле анализирани податоци од мажи и жени од 199 земји во период од 200 години. Заклучокот на истото е дека мажите имаат поголема веројатност да ги надживеат жените, особено доколку се во брак и имаат диплома.

- Иако очекуваниот животен век на мажите генерално е понизок од очекуваниот животен век на жените, а стапката на смртност кај мажите обично се повисоки во сите животни периоди, мажите имаат значајни шанси да ги надживеат жените - изјавиле авторите.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот