Позната е како една од најбогатите нации на Средниот Исток, но Саудиска Арабија е позната и како земја каде што има голем број рестрикции за правата на жените.
фото извор: True Activist
Авионските компании во Саудиска Арабија бараат гостите да се облекуваат на начин кој не им предизвикува „навреда или непријатност на другите патници“. Според поранешниот министер за туризам и здравје, ваквиот дрес-код не важел само за авиокомпаниите во земјата, туку постоел и во многу други земји во светот, а подразбирал да се изложуваат одредени делови од телото кај жените и да не се носи тесна или транспарентна облека.
На социјалните мрежи се појавиле измешани реакции по оваа одлука. Исто така, се јавиле и прашања во однос на тоа дали овие правила на авиокомпаниите би требало да важат за сите. Некои сметаат дека авионската индустрија треба да воведува правила, а други дека патниците би требало да се чувствуваат слободни, со оглед на тоа дека платиле за билетот.
Некои како решение наведуваат авиокомпаниите да обезбедуваат алтернативна
облека за патниците, а не да им забрануваат да патуваат.