X
 30.04.2024 Живот

Зошто осаменоста кај жените најчесто се поврзува со неконтролираната желба за храна?

Ново истражување сугерира дека промените во мозокот поврзани со чувството на осаменост може да придонесат за тенденцијата на жените да прават нездрав избор на храна.

Истражување, предводено од „Гупта“ и тим истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, покажа дека мозокот на жените кои пријавиле дека се чувствуваат осамени покажал зголемена активност на делови од мозокот поврзани со инстинктот за преживување, додека истовремено била забележана намалена активност во областите вклучени во контролирање на навиките во исхраната.

Овие наоди даваат важен увид во физиолошката врска помеѓу осаменоста и навиките во исхраната, отворајќи можности за развој на стратегии за промена на однесувањето и терапевтските пристапи во борбата против дебелината.

Идните истражувања, особено фокусирани на машката популација, би можеле дополнително да фрлат светлина на родовите специфични разлики во активноста на мозокот поврзани со осаменоста и обрасците на исхрана. Бидејќи мажите и жените покажуваат различни модели на мозокот во контекст на дебелината, истражувања како овие имаат потенцијал да помогнат подобро да се разберат причината и последицата, а не само корелацијата помеѓу осаменоста и навиките за јадење.

Во истражувањето, 93 жени пополниле прашалници за нивното ментално здравје, однесувањето во исхраната и нивната перцепција за социјална изолација, позната и како осаменост.

Воочената социјална изолација била проценета со користење на воспоставената скала на перцепирана изолација, која ја мери фреквенцијата на поддршка од пријателите, семејството и партнерите. Потоа, преку функционална магнетна резонанца бил скениран мозокот на учесничките за да се мерат промените во протокот на крв низ мозокот.

Истражувачите велат дека луѓето би можеле да влијаат врз сопствените навики во исхраната со воведување промени во нивниот социјален живот, за да го намалат чувството на изолација, а социјалната поддршка е добар почеток. Ова може да значи занимавање со некакво хоби, волонтирање, придружување во различни групи или нешто што би можело да помогне во подобрувањето на интеракциите со другите луѓе.

- Осаменоста е повеќе поврзана со лошите врски кои предизвикуваат стрес или конфликт отколку недостатокот на врски - вели Луиз Хокли, истражувач чие истражување се фокусира на осаменоста и нејзината врска со здравјето при стареење.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот