X
 13.10.2023 Технологија

„Фејсбук“ им плаќа милиони долари на славните за да ги претвори во чет-ботови

Компанијата „Мета“, која стои зад социјалната мрежа „Фејсбук“, им плаќа милиони долари на познати личности за да ги претвори во чет-ботови.

Локални медиуми пренесуваат дека една неименувана позната личност добила дури 5 милиони долари за само шест часа работа потребна да се претвори во чет-бот.

Минатиот месец главниот извршен директор на компанијата, Марк Закерберг, соопшти дека социјалната мрежа сега има чет-ботови направени според карактерот на познати лица како Кендал Џенер, Том Брејди итн.

Засега чет-ботовите се ограничени само на текст, но компанијата планира да направи и видеоверзии. Чет-ботовите во моментов имаат различни имиња од личноста од која се инспирирани, а може да се најдат и нивни профили на „Инстаграм“.

Во меѓувреме, многумина го критикуваат неодамнешниот развој на чет-ботовите и вештачката интелигенција, особено во поглед на создавање содржина без нечија согласност.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Meta
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија