Некои од најдобрите холивудски актерки и актери, одлучиле самите да ја кројат сопствената кариера. Не сакале да зависат од продуцентските куќи, од режисерите и популарноста, која често е кревка и краткотрајна, туку од своите амбиции и способности.
Сајтот
Inc.com направи листа од неколку завидно способни ѕвезди.
1. Џесика Алба
Алба имала среќа што открила дека е алергична на детергент, па во 2011 година покренала своја, сега веќе успешна, компанија. Имено, ѕвездата од
Sin city и
Fantastic four, основала стартап
The honest company, која продава повеќе од 100 нетоксични производи, вклучувајќи и пелени, шампони, хемиска роба... Достапна е и преку онлајн продавница, но и во малопродажба во
Whole Foods и Target.
Интересно е што нејзината компанија е обвинета дека ги лажела купувачите во врска со состојките во одредени производи, како и поради кремата за сончање за која се тврди дека нема ефект. Наспроти тоа, компанијата заработува 300 милиони долари годишно, и вреди 1,7 милијарди долари.
2. Џорџ Клуни
Клуни има добиено две големи филмски награди, но најголемата „победа“ не ја остварил со помош на филмот. Продажбата на компанијата во која е косопственик, а чија дејност е производство на текилата
Casamigos му донела минимум 700 милиони долари.
3. Рис Витерспун
Уште една добитничка на оскар е успешна претприемачка. Основала дури три компании во изминатите неколку години. Коосновачка на
Pacific standard (2012), продуцентска куќа која ги лансирала хит филмовите
Gone girl и
Wild. Три години подоцна, го лансирала модниот и лајфстајл бренд
Draper James, стартап кој добил 10 милиони долари инвестиција, а ќе се продава во синџирот продавници
Nordstorm.
Нејзиниот најнов потфат е мултимедијалната компанија
HelloHelloLorem impsum dolor sit amet Sunshine, што ќе се занимава со вклучување женска литература во телевизијата и во филмот.
Покрај сето тоа, таа е и продуцентка на хит серијата во која е главна хероина,
Big little lies.
4. Софија Вергара
Една од најплатените ѕвезди, хероината во серијата
Modern family, Вергара, исто така е коосновачка на продуцентска и маркетиншка компанија
Latin world entertainment, вредна повеќе милиони долари и на компанијата која се занимава со дигитални медиуми,
Raze.
Вергара и нејзиниот деловен партнер во основањето на компанијата, Луис Балагер, својата прва фирма ја лансирале во 1994 година, кога воочиле дека малку од талентите од Латинска Америка имаат свои агенти. Компанијата сега претставува некои од најголемите ѕвезди од шпанското говорно подрачје, како што се Алехандро Еспиноза и Рафаел де ла Фуенте.
Компанијата
Raze Вергара ја основала со Балагер, но и со пораншниот претседател на
Fox TV studios, Емилијано Калемзук. Целта е продуцирање содржини насочени кон популацијата во Латинска Америка низ неколку платформи.
5. Џесика Симпсон
Џесика Симпсон својата кариера ја почна како поп ѕвезда, за по извесно време да стане сензација во реално телевизиско шоу, пред да влезе во претприемачкиот свет во 2006 година. Со својата мајка Тина Ен Дру ја основале
Jessica Simpson Collection, линија за облека, а подоцна и за женска облека, накит и очила. Најновиот потфат вклучува и линија за детска облека. Повеќе од десет години, колку што е присутен нејзиниот бренд, компанијата ѝ носи милијарди долари секоја година (според „Форбс“).